ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ЗАЕДНО СО ДЕЛ ОД ИЗВЕДУВАЧИТЕ НА ВЕЧЕРАШНАТА „СИМФОНИЈА НА ЅВЕЗДИТЕ“ ГО НАЈАВИЈА ПОЧЕТОКОТ НА БИТ ФЕСТ

32

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со дел од изведувачите на вечерашната „Симфонија на ѕвездите“, го најавија официјалниот почеток на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Вечерва на Стадионот „Петар Милошевски’ во Битола се очекува публика од околу 4000 гости. „Се наоѓаме пред официјалниот почеток на 16 издание на БИТ ФЕСТ. Направивме една прекрасна компилација вечерва на една нова сцена. Градскиот стадион „Петар Милошевски“ ги отвора вратите и за вакви концертни активности. Освен спортот и она што е основната намена на овој објект, првпат во овој официјален дел со концертни активности ќе можеме да ги покажеме убавините на стадионот и она што нашите гости ќе го презентираат. Како локална самоуправа, трета година по ред, се обидуваме да го подигнеме нивото на фестивалот и верувам дека ќе уживаме во вечерашниот спектакл. Во 18 часот започнуваме со детската олимпијада на тениските игралишта, а потоа продолжуваме со програмата на градскиот стадион“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Градоначалникот најави дека вечерашната програма која ќе ја предводи Камерниот оркестар на Битола, ќе започне во 19:00 часот со ди-џеј сетовите на DJ Ile The Hair и DJ Boca, а од 21:00 часот продолжуваат Паркети, Суперхикс, Констракта, Каролина Гочева, Камерен Оркестар заедно со Love Itoya, Schiller, Pig & Dan и Brass Brothers. За своите очекувања вечерва, зборуваше и Love Itoya која е по потекло од Нигерија, а моментално живее и работи во Лондон, Велика Британија, добропозната по енергичните настапи кои ги имаше на првото издание на МТВ The Greatest Hits минатата година. „За првпат настапувам […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН ВТОРИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА КОЗЛЕ 3 ВО НЕРЕЗИ
Следно соопштениеПретседателот Филипче на прва координација: Пратениците на СДСМ ќе имаат редовни средби со граѓаните во канцелариите низ државата