Градоначалникот Костадинов им го честиташе празникот на градежниците – Општина Струмица

118

Денес кога христијанскиот свет го слави името на еден од Дванаесетте големи апостоли – Свети апостол Тома, Вие останувате верни на убавата еснафска традиција да го одбележувате празникот на Вашиот патрон.

Денешниот традиционален собир кој по 31 пат го организирате во манастирскиот храм Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Вељуса е уште еден доказ за посветеноста и неизмерната љубов кон својата професија. Бидете горди на она што го работите и на фактот дека токму Вие сте најголемите двигатели на локалниот економски развој на општина Струмица.

Ви благодарам што постоите. Бидете живи, здрави и секогаш успешни.

Нека Ви е честит и вековит Денот на неимарите и негувањето на споменот на Свети апостол Тома.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕлектроснабдување
Следно соопштениеМицкоски: Владата на ДУИ и СДСМ за 6 години го зголеми долгот за речиси 2,5 милијарди евра за да имаат повеќе пари за наместени тендери, значи постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци