Градоначалникот Костадинов на одбележувањето на празникот на градот Кукуш во Грција – Општина Струмица

106
Градоначалникот Костадинов на одбележувањето на празникот на градот Кукуш во Грција – Општина Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов со свои соработници и членови на Советот на општина Струмица, денеска се гости на одбележувањето на празникот на градот Кукуш во Грција, „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“ според Грегоријанскиот календар. Посетата е на покана на градончалникот на Кукуш,  Димитрис Киријакидис.

Општинската делегација присуствуваше на утринската Божествена Литургија и Литија, а  на која присуствуваше и Митрополитот Струмички г. Наум и верници од Струмица.

Градоначалникот Костадинов имаше и средба со градоначалникот Киријакидис на којашто разменија нови идеи за продлабочување на соработката меѓу двете општини, а го покани и во возвратна посета за празникот на Струмица „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“ којшто се одбележува на 11 декември.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Со намалување на данокот на профит целта ни е МНР кое ќе прерасне во министерство за надворешни работи и надворешна трговија да врши промоција на Македонија во Европа и светот како држава со најниски даноци на профит
Следно соопштениеМицкоски: СДСМ наместо да го поддржи проектот на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно покачување од 5,000 денари за пензионерите, тие се против покачување на пензиите