ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛУКРОВСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“

18
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛУКРОВСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со директорката на градинката „Пролет“, на која се рзговараше за тековното фукционирање на градинката и условите за престој на децата во перидот додека се одвива изградбата на новиот објект.

На денешната средба беше констатирано дека згрижувањето на децата од двата објекта се реазлизира редовно и организирано, при што се превеземаат сите потребни мерки за обезбедување на безбеден и квалитетен престој на најмладите. Воедно, се разговараше и за тековните потреби на градинката, како и за активностите кои се превземаат за да се обезбеди непречено згрижување на децата до завршувањето на новиот објект на градинката.

Градежните работи на новиот објект се одвиваат со силен интензитет и согласно предвидената динамика, а со завршување на изградбата ќе се обезбедат значително подобри услови за згрижување на децата во функционален и современ објект кој ќе одговори на потребите на најмладите карпошани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМАШКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА НАСТАП НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!
Следно соопштениеОТВОРЕН ДЕН ВО ОПШТИНА КАРПОШ!