ГРАЃАНИТЕ ПОВТОРНО ГО КРЕИРААТ ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ – СЕ ОДРЖА ПРВАТА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ

152

Гласот на граѓанинот мора да се земе во предвид при креирањето на општинскиот буџет. Со ова начело, како и со главната цел на општина Битола, која значи транспарентност и отчетност при распоредување на буџетските средства, денес се одржа првата форумска сесија на која покрај советниците во Советот на општина Битола, раководителите од општинската администрација, присуствуваа и претставници на месните и урбаните заедници, претставници на невладиниот сектор и сите граѓани кои покажаа интерес да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет. Во своето обраќање на денешната прва форумска сесија, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски истакна дека ова е веќе редовна пракса на општина Битола во насока на нејзината транспарентност и отчетност, со која се отпочнува процес во кој сите, заедно, ќе ги дефинираме приоритетите и проектите кои што треба да донесат поубаво утре за градот Битола. „За разлика од минатата година, кога повторно пред Вас се обратив како градоначалник, но истовремено и како еден од Вас, кој живее и работи во овој град, можам слободно да кажам дека имаме голем позитивен исчекор. Пред се говорам за голем број на стратешки документи, кои се изготвени во изминатата година, а се многу значајни за работењето на општината, за нејзините правци, насоки и можности за донации и аплицирање на проекти. Имаме важечка Стратегија за локален економски развој за периодот до 2027 година, имаме позитивно усвоена Програма за енергетска ефикасност од 2024-2026 година од Агенцијата за енергетија, а пред советниците ќе се најде и изработената Урбанистичка ревизија на општина Битола. Токму со ова темпо, продолжуваме […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Канцер мафијата купувале и складирале лекови на Онкологија, иако имале доволни залихи, омилени веледрогерии на власта заработувале милиони
Следно соопштениеСПОРТСКИ ПЕХАРИ ЗА НАЈДОБРИТЕ – Karpos.gov.mk