Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата, власта е уортачена со криминалот

118
Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата, власта е уортачена со криминалот

Граѓаните се сведоци на ладнокравни убиства среде Скопје, заради пактот на Спасовски и мафијата, власта наместо да се справува со криминалот е уортачена со него.

На само стотина метри од владата на Македонија луѓе со автоматски пушки ладнокрвно убиваат, загрозена е безбедноста и јавниот ред и мир и никој не понесува одговорност.

Оливер Спасовски додека е зафатен со помагање на заменикот Буши, чиј син беше фатен како дивее по улиците, или со поставување на командири кои потоа ги фаќаат како тргуваат дрога, Македонија е се понебезбедна држава.

Не може да сведочиме на ликвидации, и никој од МВР да не понесе одговорност.

Пресметките по улиците се резултат на криминализираноста на власта.

Потребни се промени за Македонија да стане безбедна држава.

Извор на соопштението

Следно соопштениеСамо со антизападните Груби и Ковачевски, Кинези може да вршат надзор на работата на Американци, какви се криминалните врски на владата?