ХОРСКИ НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ

108
ХОРСКИ НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ

Општинското основно училиште “Димо Хаџи Димов,, , под менторство на  Невена Маркоска, кои со изведбата на композицијата “Vivat Musica,, , се победници на овогодинешниот хорски натпревар, кој е по четврти пат во организација на Општина Карпош, а се одржа попладнево во ООУ “Владо Тасевски,, . Второто место, со композицијата “Every time,, го освоија хористите од ООУ “Владо Тасевски,, кои беа предводени од наставничката по музичко Елизабета Сакоман Станоевска. Локалната самоуправа ги награди првопласираните со парична награда од 10.000 денари и дипломи, додека пак второпласираните добија дипломи и награда од 8.000 денари.

На  натпреварот учествуваа девет основни училишта, со над 300 ученици хористи, кои се претставија со своите хорски интерпретации на световна музика, акапела и со инструментална придружба. Останатите учесници добија пофалници кои ќе им биде поттик за понатамошната работа. Со свои ревијални настапи се претставија и учениците од три основни училишта, Мила Николовска од ООУ “Аврам Писевски, која ја отпеа песната “Врати ми го сонцето,, , Јована Јанкуловска од ООУ “Вера Циривири Трена,, , која настапи со песната “Never enough,,  и Дамјан Матковски од ООУ “Јан Амос Комеснки,, кој со својата гитара ги воодушеви присутните гости при изведбата на песната “Enter Sandman,, од групата “Metallica,, .

Целосната изведба на хористите од училиштата, беа внимателно проследени од  Комисија за избор на награди за хорски натпревар меѓу училиштата, составена од надворешни членови, професионалци од областа на музиката, м-р Јасмина Ѓорѓеска – хорски диригент, хор мајстор во Македонска опера и балет и актуелен диригент на Академскиот хор „Мирче Ацев“; Елена Андоновска – вокален солист, вработена во хорот на НУ Ансамбл за народни игри и песни – „ТАНЕЦ“; и Дејан Миленковски – дипломиран музичар, теоретичар, педагог и стручен соработник по музичко образование во ЈУОДГ „Распеана Младост“, на кои им беа врачени благодарници за нивниот професионален ангажман на хорскиот натпревар.

Оваа учебна година заврши со музика и награди за талентираните хористи, кои заслужено освоија награди за нивниот успех.

           

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив, затоа што не ја дава ДУИ во опозиција и подготвува национално прeдавство
Следно соопштениеДПМНЕ да номинира работна група и да продолжи дијалогот за уставните измени