Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

36
Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Новиот бран поскапувања на основните прехранбени производи е уште еден доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема стратегија за справување со растот на трошоците за живот. Додека граѓаните секојдневно плаќаат сè поскап леб, брашно, тестенини и останати основни производи, власта се крие зад статистики и празни уверувања дека инфлацијата е под контрола.

Реалноста во маркетите е сосема поинаква – секое одење во продавница значи помалку пазарени производи за истите пари. Според објавените податоци, токму лебот и печивата бележат најголемо поскапување во мај, што директно ги погодува најсиромашните семејства бидејќи станува збор за основни животни намирници.

Причината не е единсвено движењето на цените глобално туку и тоа што Македонија нема сериозна политика за заштита на домашното производство, нема ефикасна контрола на пазарот и нема долгорочен план за намалување на зависноста од увоз. Наместо навремени мерки, Владата реагира дури откако штетата веќе е направена.

Потребни се конкретни решенија! Најпрво, потребна е засилена контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата за да се утврди неоправдано зголемување на цените. Понатаму, власта мора да обезбеди директна поддршка за домашните земјоделци и прехранбената индустрија преку субвенции за енергенси, репроматеријали и модернизација на производството.

Исто така, неопходно е формирање државен фонд за интервентни резерви на основни прехранбени производи кој би интервенирал во услови на нагли ценовни шокови. Најнакрај, нужно е зголемување на минималната плата во согласност со реалниот раст на трошоците за живот, а не според политички пресметки.

Граѓаните не можат да живеат од статистички податоци изнесени на владините прес-конференции. Тие купуваат храна со реални пари и секој ден лично сведочат како нивната куповна моќ се намалува – како осиромашуваат. Ако Владата навистина сака да им помогне на граѓаните, време е да понуди конкретни економски мерки наместо оправдувања и ветувања.

The post Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСобранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзиното место во Антикорупциската комисија
Следно соопштениеФилипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции