Им благодариме на СДС што предупредија дека бизнис партнерот на Заев, Дака иако ги исполнил условите, влегол во планот на енергетски инвестиции, ќе направиме се да биде исфрлен

64
Им благодариме на СДС што предупредија дека бизнис партнерот на Заев, Дака иако ги исполнил условите, влегол во планот на енергетски инвестиции, ќе направиме се да биде исфрлен

Работа на Владата не е да проверува кој седи и каква е сопственоста на фирмата која аплицирала за инвестиции во енергетски објекти, туку дали ги исполнува условите и законските критериуми.

Им благодариме на СДС што не информираа дека фирмата која ги исполнува условите ХРОНОС СУМ е во сопственост на контрoверзниот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ-Дака, што е јасен показател во понатамошната постапка Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги искористи сите законски можности оваа фирма да не гради и инвестира во енергетски објекти. Причината за тоа е што Миодраг Давидовиќ-Дака е контроверзен бизнисмен вмешан во милионски сомнежи за криминал. Криминалната коалицијата СДС и ДУИ пак донесе ДУП од 200 милиони евра за офшор фирма од Панама, сопственост на контроверзен бизнисмен.

Од она што е негова историја се дознава дека Заев примал пари од Дaкa, а тој соработувал со Зоки Кичеец, и Драги Рашковски. Заев парите примени од Давидовиќ ги користел за инженеринг на референдумот за промена на името. За повеќе детали ќе слушнете на утрешната прес-конференција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО
Следно соопштениеФилипче продолжува слепо да ги слуша Зоран Заев и ПР шефот Башановиќ, кои го донесоа до 3,6% рејтинг