Им забрани ли Радев на Ковачевски и СДС да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена помпезно ја најавуваа?

79
Им забрани ли Радев на Ковачевски и СДС да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена помпезно ја најавуваа?

Димитар Ковачевски и СДС се самоцензурираат.И по месец дена откако најавија некаква Декларација за Илинден за  заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски, ниту СДС збор не изустиле што содржи истата и кога ќе ја поднесат.Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДС и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа?До каде е и што содржи таа Декларација?Зошто Ковачевски и СДС се уште не ја поднеле и од што се исплашија?Уште еден неуспешен обид на владата на СДС и Ковачевски да се претстават пред граѓаните како некакви заштитници на македонскиот идентитет, јазик, историја, народ, култура и традиција.Ковачевски и СДС се откажаа од се што е македонско и се најголемите предавници на сопствениот народ и држава.Никој не го поддржува Ковачевски, СДС и ДУИ. Владата на СДС и ДУИ нема двотретинско мнозинство за уставни измени и затоа повикува на консензус. Но, единствено им е важен консензусот за ден повеќе да крадат.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Консензус за уставни промени нема. Консензус е можен само за одржување на предвремени парламентарни избори.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ да им се извини на граѓаните за ширењето лажни вести за успешната акција на македонската Царина
Следно соопштениеЕлектроснабдување