Имаме чувство дека СДС се многу чувствителни, се плашат ли од одговорност?

91
Имаме чувство дека СДС се многу чувствителни, се плашат ли од одговорност?

Изминатите 7-8 години, СДС заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ, го контаминираа правосудството, инфилтрирајќи свои кадри во македонското обвинителство и судство. Од судски Совет, Совет на јавни обвинители, државен јавен обвинител, врховни судии и итн, СДС и ДУИ го урнисаа правосудството кое има 2% доверба од граѓаните.

Функционерите на СДС и ДУИ за кои имаше сомнежи дека имаат сторено криминал и корупција, не беа викани ниту на разговори, ниту пак беа осудувани, што впрочем гледаме дека денес кадри на ВМРО-ДПМНЕ не се изолираат од одговорност – доколку има доказ за истото.

Така да, граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на СДС и ДУИ, туку ќе оди по стапките на правдата и одговорноста. Не смее некој што сторил криминал да биде заштитен од страна на правосудството во државата.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците
Следно соопштениеИзвестување за неисправност на вода за пиење » Општина Прилеп