ИН МЕМОРИАМ Филип Христов (1956 – 2023) – Ракометна Федерација на Македонија

112

Почина Филип Христов – човек кој голем дел од својот работен и животен век посвети на ракометот. Ракометната и спортската јавност воопшто, денес изгубија еден вреден спортски работник и редок професионалец.

Првенствено препознатлив како дел од раководната структура на РК „Металург“ три децении наназад и директен учесник во формирањето на машката и женската екипа, Филип Христов својот спортски стаж го заокружи со ангажман во РФМ, како дел од комисијата за натпреварување.

Ракометната федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочувство до семејството Христови.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКадетската машка репрезентација во третиот шешир за извлекувањето на групите за 10th IHF Men’s Youth World Championship – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеСелекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува списокот на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2 со репрезентацијата на Португалија – Ракометна Федерација на Македонија