Информација – Ракометна Федерација на Македонија

129

Почитувани,

Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ , односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации , Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Кристијан Грчевски за (ВД) Селектор на женската сениорска репрезентација , а во стручниот штаб се именувани за помошници тренери Ања Алтхаус и Едуарда Амоурим Талевска.

Именуваните лица ќе бидат во функција вршители на должност (ВД) , за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Women’s EHF EURO 2024 .

Со почит ,

Ракометна Федерација на Македонија

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВласта само го зголемува долгот, а парите се трошат за матни зделки и тендери – најнова е најавата за заем од Светска Банка
Следно соопштениеЕлектроснабдување