ИНФОРМАЦИЈА – Ракометна Федерација на Македонија

127

Почитувани спортски пријатели,

Ве известуваме дека женската сениорска ракометна репрезентација во рамки на Европското натпреварување Women’s EHF EURO 2024 – Qualifiers за обезбедување пласман на претстојното Европско ракометно првенство Women’s EHF EURO 2024 ќе одигра меѓународен квалификациски натпревар со репрезентацијата на Азербејџан.

Меѓународниот квалификациски натпревар со репрезентацијата на Азербејџан ќе биде одигран на ден 11.10.2023 (среда) со почеток во 18.00 часот во СЦ Јане Сандански (мала сала) во Скопје.

Ве покануваме заедно да го проследиме натпреварот и да ги бодриме нашите девојки.

Бидете информирани дека влезот за натпреварот е слободен.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ ги покачи платите на наставниците за 55% и обезбеди подобри услови за работа
Следно соопштениеЕлектроснабдување