Младинската машка репрезентација на 28.01 (вторник) ќе ги дознае своите противици на претстојниот 25th IHF Men’s Junior World Championship, кое ќе се оддржи во Полска во период од 18-ти до 30-ти Јуни 2025 година.
На претстојното извлекување нашата машка младинска репрезентација е дел од вториот шешир во кој се уште селекциите на Египет, Франција, Хрватска, Полска, Јапонија, Тунис и Унгарија.
Шешир 1: Норвешка, Австрија, Шведска, Португалија, Данска, Исланд, Данска, Германија
Шешир 2: Македонија, Египет, Франција, Хрватска, Полска, Јапонија, Тунис, Унгарија
Шешир 3: Аргентина, Србија, Словенија, Кореја, Романија, Бахреин, Алжир, Мароко
Шешир 4: Саудиска Арабија, Бразил, Швајцарија, САД, Мексико, Уругвај, победник ИХФ трофеј, Вајлд карта
Извлекувањето е закажано со почеток во 11:00 часот во Осло.
Младинската женска репрезентација ќе настапи на W19 EHF EURO 2025 во Црна Гора, а на претстојното извлекување на групите е дел од третиот шешир заедно со селекциите на Швајцарија, Португалија, Исланд, Шпанија и Австрија.
Шешир 1: Франција, Данска, Германија, Хрватска, Унгарија, Србија
Шешир 2: Црна Гора, Холандија, Шведска, Норвешка, Романија, Чешка
Шешир 3: Швајцарија, Португалија, Исланд, Македонија, Шпанија, Австрија
Шешир 4: Словенија, Турција, Литванија, Финска, Полска, Фарски Острови
Кадетската женска репрезентација ќе настапи на W17 EHF EURO 2025 кое исто така ќе се оддржи во Црна Гора, а на претстојното извлекување на групите е дел од третиот шешир заедно со селекциите на Швајцарија, Чешка, Шпанија, Србија и Австрија.
Шешир 1: Данска, Унгарија, Германија, Франција, Хрватска, Холандија
Шешир 2: Норвешка, Шведска, Црна Гора, Романија, Исланд, Португалија
Шешир 3: Швајцарија, Македонија, Чешка, Шпанија, Србија, Австрија
Шешир 4: Словенија, Фарски Острови, Словачка, Полска, Литванија, Турција
Извлекувањето на групите ќе се оддржи на 28.01.2025 (вторник) со почеток во 11:00 часот во Виена. Извлекувањето ќе биде пренесувано во живо на YouTube каналот на ЕХФ: Draw event | Final Tournament | YAC Events 2025 – YouTube.