ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ НА ЖЕНСКАТА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО СЕЛЕКЦИЈАТА НА ПОЛСКА – Ракометна Федерација на Македонија

64

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во сабота (12.04.2025 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „ Боро Чурлевски “ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на  Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 против селекцијата на Полска.

Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 04.04.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот кој е од хуманитарен карактер (средставата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани) е 100 денари.

Продажна мрежа – МК Тикетс

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Diamond Mall

• Литература – ТЦ Буњаковец

• ЛитератураМК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• ЛитератураМК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• ЛитератураМК

• ТА Сафари

Штип:

• Сити Тобако

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСоопштение за јавност – RK VARDAR 1961 I Official site
Следно соопштениеХуманост која обединува:Признание за најголемите поддржувачи на СОС Детско село