Инфраструктурните предлози на Левица во штипскиот совет, стануваат реалност!

145
Инфраструктурните предлози на Левица во штипскиот совет, стануваат реалност!

На последната седница на штипскиот совет, од страна на советникот од Левица, Ангеле Михајловски, беа поднесени повеќе иницијативи за решавање на инфраструктурни проекти.

Истите тие предлози беа посочени од сограѓани, жители на Штип.

Иако конкретните предлози беа игнорирани од страна на мнозинството советници на локалната власт, сепак, набрзо истите започнаа да се остваруваат.

Партерното уредување пред станбените објекти со број 13, 15 и 17 на улицата „Сремски фронт“ веќе е во напредна фаза, а деновиве се започна со реконструкција и на улицата „8 Април“.

Горливите проблеми на жителите на Штип се наш приоритет.

Затоа ги охрабруваме сите сограѓани, кои имаат било каков проблем, да се обратат до Левица, како би можеле нивните барања да добијат институционална разрешница!

Тоа што иницијативите на Левица се званично одбивани од страна на мнозинството, а потем се пристапува кон нивно остварување, говори за крајна дволичност и нереално одбивање на нашите реални иницијативи, произлезени од потребите на граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ШТИП
15.08.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО УЧИЛИШТАТА, ПОДОБРУВАЊЕ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА, ПОДГОТОВКА НА НОВИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ И ДРУГИ ПРОЕКТИ ВО ТЕК ВО ОПШТИНА БИТОЛА
Следно соопштениеПожар во Горно Лисиче!!! – Левица