На првата следна седница на Советот на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски ќе поднесе иницијатива, за доделување награда од страна на Советот на општина Битола на вработените во Територијалната противпожарна единица, за нивното особено залагање и максимално ангажирање во гаснењето на пожарите и справувањето со огнената стихија над градот. „Од првите кризни моменти на теренот, кога започна пожарот во понеделникот попладне на 15.07.2024 година, на ридовите над обиколницата, сите припадници на ТППЕ Битола, максимално, деноноќно, беа постојано на терен и работеа напорно да се стави пожарот под контрола, иако временските прилики воопшто не беа на нивна страна. Со повеќекратни налети на канадерите, испратени како државна помош од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, големиот пожар сепак беше ставен под контрола, но пресудно беше присуството на пожарникарите на теренот, кои продолжија да се борат на нови опожарени локации, заедно со постојана поддршка на јавните претпријатија и граѓаните, кои индивидуално и преку разни здруженија, максимално помогнаа да се стабилизира состојбата, без да имаме катастрофални последици. Кризниот штаб постојано ја следеше состојбата на терен и со взаемна координација, се делуваше во сите можни насоки. Посебна благодарност, како градоначалник, морам да упатам на сесрдната поддршка на битолчани. Ви благодарам на Вашата големина и на Вашата вклученост, да помогнете секој на свој начин, сеедно дали тоа беше поддршка на терен во гаснењето на пожарите, или донации за луѓето на терен во вода и храна. Голем број на компании, меѓу кои Бимилк, Вемилк заедно со Ротари клуб Широк Сокак, […]
Извор на соопштението