ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ ПОМЕЃУ БИТОЛА И ЧИГАСАКИ ОД ЈАПОНИЈА

120

После синоќешниот прекрасен концерт во рамките на програмата на фестивалот на класична музика Интерфест Битола 2023, каде заедно со Битолскиот камерен оркестар настапи Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука, денес оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Амбасадорот и градоначалникот, ги искажаа големите впечатоци од концертот, договарајќи и идна соработка, особено од областа на културата, при што амбасадорот истакна дека, покрај што е голем вљубеник во културата и самиот е музичар. Од двете страни, беше констатирано дека, соработката, уште повеќе ќе биде продлабочена преку збратимување на Битола и Чигасаки, за што со поддршка од Јапонската амбасада, од страна на Општина Битола, изразен е интерес до градоначалникот на Чигасаки, Сато Хикару, каде се покажува интерес за заедничко делување во повеќе области, во насока на зближување на двата народи. Реализацијата на оваа иницијатива, ќе значи отворање на нови можности за соработка и размена на искуства помеѓу Битола и Чигасаки.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Го повикувам Ковачевски да се охрабри, да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на ДУИ, нека излезе на избори за да се соочиме пред граѓаните
Следно соопштениеСо Предлог-законот на Левица, државата е обврзана за целосен третман на лицата со дијабет