ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ ОД ОПШТИНА КАРПОШ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ШТИП НА СЕДНИЦА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

2
ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ ОД ОПШТИНА КАРПОШ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ШТИП НА СЕДНИЦА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на комунални инспектори на Република Северна Македонија.

На средбата земаа учество над 60 членови од комуналните инспекциски служби од земјата.

Беше усвоена Предлог-одлуката за усвојување на записникот од претходната седница, присутните беа информирани за соработката со невладини институции со цел унапредување на соработката и размена на искуства и подобрување на законските регулативи од повеќе аспекти.

Здружението иницираше соработка и со општините кои би сакале да дадат свој придонес во зацврстување на Здружението преку потпишување на меморандум за соработка.

Се дискутираше за теми кои ги засегаат комуналните инспектори а државниот пазарен инспектор Анkа Митева Долдурова преку сопствена презентација појасни повеќе прашања од Законот за претставки и предлози.

Претседателот на Здружението Борче Везенков преку своето воведно излагање нагласи за активност на членовите и идеи кои би придонеле за нови предлози и разјаснување на веќе постоечките закони по кои комуналните инспектори работат.

Општина Карпош и натаму ќе продолжи да биде дел од сите активности што Здружението ги организира и да даде свој придонес.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОДОБРИ ИНФРАСТРУКТУРНИ УСЛОВИ КАЈ НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО БИТОЛА: СЕ АСФАЛТИРА НОВАТА УЛИЦА ПОМЕЃУ ТРГОВСКИОТ КОМПЛЕКС “БЛИС” И “ЛИДЛ”
Следно соопштениеСемејни кланови одземаат детски живот во Македонија Левица