Интегритет во спортот: Фер плеј

127
Интегритет во спортот: Фер плеј

Македонскиот Олимписки Комитет во рамки на проектот “Интегритет во спортот: Фер плеј,” овие денови ја имплементира првата сесија од обуката на тема Превенција на манипулација со спортски натпревари којашто ќе ја води експертот  Жоао Пауло Алмеида од Португалија.

Манипулацијата со спортски натпревари е глобална закана што го загрозува интегритетот на спортот и уништува многу кариери. Бидејќи оваа закана е длабоко вкоренета во организираниот криминал, потребен ни е сеопфатен пристап за ефикасно справување со истата. 

На обуката се разговараше за главните ризик фактори на коишто се подложни спортските работници и спортистите, како и за правната рамка на мониторинг, пријавување и водење на истрага. 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Следно соопштениеУЧЕНИЧКА ОД ООУ КАРПОШ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА