ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ГОСТИ И АНСАМБЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

14

Колоритот на светот, претставен преку ансамблите, групите и поединците од повеќе земји, кои се гости на „Илинденски денови“, денес пристигна и во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски. Учесниците на 54 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кои ги претставуваат САД, Боливија, Кореа, Србија, Северен Кипар, Турција, ги раскажаа своите прекрасни впечатоци за Битола, заблагодарувајќи се за топлиот прием и прекрасниот престој во градот. Градоначалникот Коњановски, истакна дека во овој период Битола, посебно се разубавува, а светското шарнило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен, истовремено овозможувајќи светска промоција на градот. На денешната средба, во знак на добрата соработка и заедничката цел за градење силни културно – уметнички врски, беа разменети подароци и промотивни материјали, кои се дополнителна потврда на уште едно успешно издание на фестивалот „Илинденски денови“.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУтре започнува интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“
Следно соопштениеСДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО за што јавно се извинуваме