Инвестициите во дигитализацијата се инвестиции во иднината, дигиталната трансформација значи борба против корупцијата

59
Инвестициите во дигитализацијата се инвестиции во иднината, дигиталната трансформација значи борба против корупцијата

Она што досега не било помислено да се направи, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе на почетокот на мандатот го направи. Со реорганизација на министерствата, се оформи и новото министерство за дигитална трансформација.

Дигиталната трансформација не е само хартија да стане електронски признат документ, туку опфаќа и дел од борбата против корупцијата и криминалот.

Една од најважните проекти на министерството е реконструкција на националниот портал uslugi.govmk, кој е достапен да секој граѓанин или бизнис-заедница, има за цел да секој оној којшто има потреба од некаков документ, дозвола или уверение, истиот да го добие онлајн за само неколку минути. Денес, секој електронски документ кој е испечатен е валиден во таа форма и може да се користи исто како оригинален документ.

Граѓаните, но и бизнис секторот, веќе подолг временски период, на онлајн националниот портал на кој се достапни над 300 услуги, можат да добијат услуги од МВР, АХВ, Катастар, УЈП, ПИОМ, министерство за култура и туризам, министерство за правда, РКЕ и други.

Формиран е и проектот кој е финансиран од ЕУ за Национален центар за побезбеден интернет, чија цел е сите побезбеден интернет простор за сите граѓани. Исто така, многу важно е да се напомене дека во собраниска процедура е и првиот Закон за сајбер безбедност, кој ќе ги штити институциите и граѓаните од најактуелните напади, а тоа се интернет/сајбер напади.

Се работи и на дигитализација на локалната самоуправа со цел поврзување на локалните институции со државните и обратно. Во таа насока, отворени се нови точки на услуги во Јегуновце, Аеродром и Штип, а постоечките се во напредна фаза.

Се работи на бесплатни Ви-фи зони во студентските домови и на услуги кои им се потребни на студентите. Се отвори и првиот иновациски хаб во Македонија, ИННОФЕИТ – ЕДИХ, кој ќе претставува троен мост меѓу академскиот и јавниот сектор и Владата.

За разлика од минатото, се вложува во дигиталната писменост на граѓаните и олеснување на потребите на истите. Наместо гужви по шалтери, земање слободни денови, граѓаните веќе имаат можност да си добијат услуга директно на својот електронски уред, брзо и ефикасно!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?
Следно соопштениеСДС тврдеа дека Уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат