Избор на најдобрите спортисти на општина Струмица за 2025 година

96
Избор на најдобрите спортисти на општина Струмица за 2025 година

Избор на најдобрите спортисти на општина Струмица за 2025 година

Под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на општина Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се организира и одржи традиционалната годишна спортска манифестација:

„Избор и прогласување на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери на општина Струмица за 2025 година“.

Изборот и прогласувањето на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери за 2025 година ќе се одвива во следните категории:

  • – Екипен спорт
  • – Индивидуален спорт
  • – Спортска надеж

Доставувањето на предлозите е во тек и ќе трае најдоцна до 20.01.2026 година (вторник), по електронска пошта на:
sportiststrumica@gmail.com

За датумот и местото на одржување на оваа спортска манифестација јавноста ќе биде дополнително информирана.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС шири дезинформации и непотребна паника, нема суспендирање на визите за САД
Следно соопштениеРАБОТНА СРЕДБА НА ЛУКРОВСКИ СО САИТИ ОД ЦРВЕН КРСТ