Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз

7
Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз

Новиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии.

Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните.

И покрај тоа што, како никогаш до сега, имаше простор за широк политички консензус, слух и подадена рака од Владата за изнаоѓање решение кои на нив им одговара согласно препораките на меѓународните институции и право дијаспората да гласа, тие избраа опструкции и блокади.

Како никогаш досега во македонската историја, на власт има политичка партија која на опозициските им вели да се договорат меѓу себе за се што сакате и сето тоа ќе им биде прифатено, тие одбија и блокираа.

Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на обврските од Реформската агенда, за што и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст и тоа го потврдуваат европските функционери и претставници.

Истите тие повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС и ДУИ кои од уста не ја вадат Европската Унија, и политичката партија Левица одлучија да го блокираат напредокот на државата кон евроинтегративниот пат.

На СДС, Левица и ДУИ им порачуваме дека се прочитани и разобличени. Политиката на жртва која сакаат да ја применат нема да им помине, затоа што граѓаните добро знаат дека тие се извор на проблемите и блокадите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПоддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет, до 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години
Следно соопштениеЈАВЕН ОГЛАС за Карпошово културно лето 2026