Изборниот законик нема да помине без борба – поднесени 3.500 амандмани

16
Изборниот законик нема да помине без борба – поднесени 3.500 амандмани

Власта се обиде Изборниот законик да го протне без вистински политички консензус, игнорирајќи суштински прашања кои директно влијаат врз фер и демократскиот изборен процес и вметнувајќи одредби што никогаш не биле предмет на јавна расправа или политички договор. Наместо правила еднакви за сите и подобрување на изборниот модел и процес, ДПМНЕ турка Изборен законик скроен според интересите на големите политички партии.

Со 3.500 амандмани, Левица се спротивставува на овој обид изборниот процес дополнително да се извитопери во корист на власта. Кога не можат да ја победат единствената вистинска опозиција политички, се обидуваат да ја ограничат законски.

The post Изборниот законик нема да помине без борба – поднесени 3.500 амандмани first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИтно да се увезе лекот еритропоетин – одговорност од министерот Алиу и директорите Клековски и Алити
Следно соопштениеМЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ГО ОДДРЖА ПРВИОТ ТРЕНИНГ ВО РОМАНИЈА