ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ВОЛОНТЕРИ ЗА ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ АНГАЖМАН ЗА 2023 ГОДИНА

121

Советот за волонтерство на општина Битола, ја додели наградата за волонтерски ангажман во локалната заедница за 2023 година, по повод 5 декември – Меѓународниот ден на волонтерите, Добитници на наградата оваа година  според категориите се: за волонтерска организација –  Хуманитарната организација ,,Свети Спас”, за волонтер поединец – Леонардо Сомолов и за волонтерска програма – Локален волонтерски сервис Битола Наградите ги додели заменик градоначалникот на општина Битолa Бојан Бојковски, кој им посака уште многу успешни волонтерски активности во наредниот период, при тоа заблагодарувајќи им се за нивните досегашни дејствувања. Тој истакна дека општината секогаш е тука во однос на поддршката која што треба да ја добијат волонтерите во нивните активности. Во прилог, детално образложение за добитниците на наградата: Волонтерска организација: Хуманитарната организација ,,Свети Спас” се истакнува како пример на волонтерство и хуманост во нашата заедница. Под нивната грижа, голем број на социјално загрозени семејства добиваат неопходна помош, храна и поддршка во цела Република, а во Битола моментално се грижат за повеќе од 20 семејства. Во дополнение, нивната активна улога во обновувањето на домовите на овие семејства има значаен придонес за подобрување на квалитетот на живот како последниот проект во с. Барешани каде се гради и обновува куќа на семејство. Оваа организација, во Битола ја предводат Владо Јошевски и Зоран Јосифовски, а со несебичната поддршка и водство на отец Оливер, континуирано и со посвета работи за заедницата и семејства во Битола. Волонтер поединец: Леонардо Сомолов –  волонтер за заштита на животните и животната средина. Леонардо се бори за правата на животните во […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Следно соопштениеКовачевски: Палевски со претседателите на ДПМНЕ и Левица беше дел од насилните протести со гилотини и молотови коктели