Извештајот на ЕУ за Македонија, ги потврди сите тврдења дека ДУИ и СДС пливаат во корупција и криминали

119
Извештајот на ЕУ за Македонија, ги потврди сите тврдења дека ДУИ и СДС пливаат во корупција и криминали

Извештајот на ЕУ за Македонија, јасно го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ цело време го тврди, а тоа е дека ДУИ и СДС од државата направија нај корумпирана земја во Европа и нај зависно судство во Европа.

Ова е историски најлошиот извештај кој го добила Македонија, каде не само што немаме напредок, туку имаме и назадување во повеќе полиња.

Овој извештај ја потврдува катастрофата во судството, а особено најмногу критики има за измената на кривичниот закон, по брза постапка, за кој ВМРО-ДПМНЕ цело време укажуваше дека законот не треба да се носи и дека ќе биде на штета на државата.

Според ЕУ, корупцијата останува премногу распространета во многу области и состојбата е загрижувачка. Но власта мува не ја лази, туку баш напротив, продолжуваат секојдневно со нови скандали за корупција и лични валкани бизниси, се со цел да приграбат уште некој милион за себе и своите роднини.

Ова ќе престане за неколку месеци, а потоа ќе има истраги и одговорност.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПетрушевски: За првпат во историјата на плурализмот во Македонија, пратеник е осуден за став искажан од собраниската говорница
Следно соопштениеВласта на СДС и ДУИ ако сака да излезе на виделина вистината за Онкологија, треба да го поддржи продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија, во спротивно само ќе потврди дека се дел од канцер мафијата