Известување – Ракометна Федерација на Македонија

95

Почитувани,

Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на Македонија, Управниот Одбор на ден 27.03.2025 година ги донесе следните  Одлуки по итност, согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.):

1.            За назначување на г-дин Тасевски Влатко за Генерален Секретар на РФМ согласно едногласната предлог одлука на Комисијата за спроведување на избор за Генерален Секретар на РФМ за избор на единствениот кандидат Тасевски Влатко за Генерален Секретар на Ракометна Федерација на Македонија;

2.            За членови на Комисија за натпреварување  при РФМ се назначуваат:  Претседател на Комисија за натпреварување Бобан Мајнов и за членови на Комисија за натпреварување се именуваат Иван Јосифовски и Кристијан Василевски;

3.            За членови на Дисциплинска Комисија при РФМ се назначуваат:  Претседател на Дисциплинска Комисија  Среќко Ѓорѓиевски и за членови на Дисциплинска Комисија се именуваат Тони Николовски и Кристина Лукрис;

4.            За членови на Регистрациона Комисија при РФМ се назначуваат:  Претседател на Регистрациона Комисија  Методи Лесански и за членови на Регистрациона Комисија се именуваат Силвана Карбеска и Марија Јовчева;

5.            За членови на Арбитражна Комисија при РФМ се назначуваат:  Претседател на Арбитражна Комисија Борко Бајалски и  за членови на Арбитражна Комисија се именуваат Татјана Ацковска и Игор Дамчевски;

6.            За членови на Комисија за лиценцирање при РФМ се назначуваат:  Претседател на Комисија за лиценцирање Горан Милошевски и  за членови на Комисијата за лиценцирање се именуваат Саше Алексовски и Мартин Масков;

7.            За именување на г-ѓа Индира Кастратовиќ  за Спортски координатор за Женски репрезентации при РФМ;

8.            За именување на г-дин Гино Стрезовски за Советник на Претсeдателот на РФМ за Женски селекции при РФМ;

9.            За именување на г-дин Драган Начевски за Советник на Претседателот на РФМ за Машки селекции при РФМ.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

28.03.2025

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСелекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеЈАКИМОВСКИ: САМО ЕДНА ОД 800 ЗГРАДИ ВО КАРПОШ ГИ ИСПОЛНУВА СИТЕ ПРОПИСИ, ДВА НОЌНИ КЛУБОВИ ОДБИВААТ СОРАБОТКА И СЕ СТАВААТ НАД ЗАКОНИТЕ!