Известување за акредитирање на медиуми за натпреварот Македонија – Фарски Острови – Ракометна Федерација на Македонија

105

Почитувани претставници на медиумите,

Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации за претстојниот натпревар помеѓу македонската машка сениорска национална селекција и репрезентацијата на Фарски Острови во рамки на Men’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 Part , кој ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на ден 12.05.2024 година со почеток од 19:00 часот, можете да ги испраќате на следнава електронска адреса:

mediakomunikacii.rfm@gmail.com

Рокот за аплицирање е до 09.05.2024 (четврток), заклучно со 12:00 часот, додека подигнувањето на акредитациите ќе се одвива во просториите на Ракометната Федерација на Македонија на 10.05.2024 (петок) најдоцна до 12:00 часот.

Однапред Ви благодариме.

Со почит,

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕлектроснабдување
Следно соопштениеМОК со учество на проектот “Sport for unity, Resilience and Epowerment (SURE)”