Известување за дополнување на документација за легализација на бесправно изградени објекти

106
Известување за дополнување на документација за легализација на бесправно изградени објекти

Известување за дополнување на документација за легализација на бесправно изградени објекти

Почитувани,

Општина Струмица ги известува сите физички и правни лица кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на подрачјето на Општина Струмица, а за кое во предметната постапка не е донесено решение поради некомплетна документација, да го дополнат своето барање за легализација со потребните докази најдоцна до 03.03.2026 година (вторник).

Сите засегнати лица навремено да се обратат во просториите на Општина Струмица, Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште, на ул. „Ленинова“ бр. 15, со цел да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација во наведениот рок.

Напоменуваме дека важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти истекува заклучно со 03.03.2026 година.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски во Давос- дипломатска изолација и медиумски мрак за Македонија
Следно соопштение🇲🇰 Тимот е подготвен! Ги имаме нашите претставници за Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026!