ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА » Општина Прилеп

58
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА » Општина Прилеп

И З В Е С Т У В А Њ Е
до сите жители на Општина Прилеп

Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори (во понатамошниот текст: Упатството), сопствениците, односно носителите на правото на користење на напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) се должни да ги отстранат истите од природа и јавни површини.
Се повикуваат сите сопственици и корисници на вакви возила, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на ова известување, доброволно да ги отстранат своите напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) од наведените површини.
Доколку во наведениот рок возилата не бидат отстранети, Општина Прилеп ќе постапи согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори.
Општина Прилеп апелира до жителите да постапат согласно ова известување, со цел обезбедување на безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина и зачувување на јавниот ред и уреденоста на јавните површини.

ОПШТИНА ПРИЛЕП

ПРЕЗЕМИ И З В Е С Т У В А Њ Е за хаварисани возила

ПретходноПрилеп им оддаде почит на Гоце Делчев и Пере Тошев, великаните на македонската борба за слобода

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски им порачува на граѓаните: „Летувајте во Македонија“, така изгледа изолацијата
Следно соопштениеМицкоски започна кампања за заострување на односите со Бугарија