Известување за извлекување на натпреварувачки броеви за Супер Машка Лига и групите за Супер Женска Лига – Ракометна Федерација на Македонија

9

Ве известуваме дека на ден 07.08.2023 (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на Ракометната Федерација на Македонија ќе се оддржи извлекување на натпреварувачките броеви на клубовите учесници во Супер Машка Лига и групите за Супер Женска Лига за натпреварувачка сезона 2024/25.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ:

  • Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин 2 х 11 кола) вкупно 22 кола.
  • По завршување на 22-ро коло од регуларниот дел се разигрува play-off и play-out, односно екипите пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6 екипи, а екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата play-out од 6 екипи.
  • Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола, по принципот:
  • 1-от пренесува 3 бода
  • 2-от пренесува 2 бода
  • 3-от пренесува 2 бод
  • 4-от пренесува 1 бод
  • 5-от пренесува 1 бод
  • 6-от пренесува 0 бодови
  • Во play-out групата разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот:
  • 7-от пренесува 3 бода
  • 8-от пренесува 2 бода
  • 9-от пренесува 2 бод
  • 10-от пренесува 1 бод
  • 11-от пренесува 1 бод
  • 12-от пренесува 0 бодови

По добивање на конечниот пласман во play-out екипите кои се пласирани од 7-мо до 10-то место остануваат во Супер Лига за сезона 2025/2026, 11-от игра бараж со 2-от од Прва Лига за пласман во највисок степен на натпреварување за сезона 2025/2026, 12-от рангиран во play-out преминува во Прва лига за сезона 2025/2026, а 1-во пласираниот од Прва Лига директно преминува во Супер Лига за сезона 2025/2026.

  • Бодувањето по одигран натпревар се валоризира на следниов начин:
  • Победа 2 бода;
  • Пораз 0 бодови;
  • Нерешено 1 бод;

УЧЕСНИЦИ ВО СУПЕР МАШКА ЛИГА

  • РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
  • РК ВАРДАР 1961
  • РК АЛКАЛОИД
  • ГРК ОХРИД
  • ГРК ТИКВЕШ 2014
  • РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
  • РК ПРОЛЕТ 62
  • РК СТРУГА
  • МРК КУМАНОВО
  • РК ПРИЛЕП
  • РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД
  • РК РАДОВИШ

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

  • Првиот дел од натпреварувачката сезона во женска ракометна лига ќе биде во групи, односно ќе бидат формирани 3 групи по 5 ракометни екипи. Екипите ќе бидат поделени во 5 пот-а согласно остварениот пласман од сезона 2023/2024. Групите ќе се формираат така што ќе се жребаат екипите од пот 1 до пот 5 редоследно.
ПОТ 1 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
ПОТ 2 ЖРК ВАРДАР ЖРК КУМАНОВО ЖРК СТРУЖАНКА
ПОТ 3 ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 ЖРК СКОПЈЕ РК ДЕСПИНА
ПОТ 4 РК СПАРТАК ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ ЖРК АСТИБО
ПОТ 5 ЖРК ШАМПИОН ЖРК ГЕВГЕЛИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МРК
  • Секоја екипа ќе одигра согласно бергер системот на натпревари (домаќин-гостин 2 х 4 кола), со една екипа слободна по коло, вкупно се одигруваат 10 кола.
  • По завршување на 10-тото коло од регуларниот дел се разигрува play-off и play-out, односно екипите пласирани/рангирани 1-во и 2-ро место од секоја од трите групи, ќе ја формираат групата play-off од 6 екипи, а останатите 9 екипи ќе ја формираат play-out групата.
  • Во play-off екипите се натреваруваат во двокружен бод систем два пати домаќин – два пати гостин (2 х 10 кола) или вкупно 20 кола до добивање конечен пласман, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел:
  • 1-от од секоја група пренесува 1 бод
  • 2-от од секоја група пренесува 0 бодови
  • Во play-out групата разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 9 кола) вкупно 18 кола, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел:
  • 3-от од секоја група пренесува 2 бода
  • 4-от од секоја група пренесува 1 бода
  • 5-от од секоја група пренесува 0 бодови
  • Бодувањето по одигран натпревар се валоризира на следниов начин:
  • Победа 2 бода;
  • Пораз 0 бодови;
  • Нерешено 1 бод;

Извлекување линк https://www.youtube.com/live/NUcowZTiEDs

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Сите индивидуални признанија на Струшкиот турнир завршија во рацете на пелистерци
Следно соопштениеЌе се врши дезинфекција на возрасни комарци