Известување за одржано Годишно Собрание на ХЕРА за 2024 година

12
Известување за одржано Годишно Собрание на ХЕРА за 2024 година

Денес (21 септември) се одржа Годишното Собрание на ХЕРА за 2024 година, на кое пред бројното членство беа презентирани постигнувањата и активностите реализирани во текот на изминатата година. Настанот беше отворен со поздравен говор од Претседателката , Румена Ѓердпвска Којчески, која ја истакна важноста на тимската работа и посветеноста на членовите за успешното спроведување на програмите и иницијативите на организацијата, по што продолжи со презентација на Годишниот програмски извештај за 2023 година и ја претстави новата Комуникациска стратегија на организацијата, истакнувајќи ја важноста на транспарентноста и ангажманот на јавноста во нашата работа. 

Финансискиот извештај за 2023 година го претстави секретарката на Управниот одбор, Мери Кокановска, детално објаснувајќи ги резултатите и постигнатите финансиски цели. Во продолжение, Ана Попризова, членка на Управниот одбор, ја сподели успешната приказна за ММ Центарот – Центарот за поддршка на мажи и момчиња, кој постигна значајни резултати во текот на годината. 

Оваа година, на Собранието беа претставени седум нови членови, кои изразија поддршка за мисијата и визијата на ХЕРА и ги споделија своите мотиви за пристапување кон организацијата. Покрај тоа, беше избрана и новата младинска претставничка во Управниот одбор, со што се потврдува посветеноста на ХЕРА за активно вклучување на младите во донесувањето одлуки. 

Благодариме на сите членови и поддржувачи за континуираната доверба и посветеност. Заедно, продолжуваме да ја градиме ХЕРА како организација која инспирира и создава позитивни промени во општеството! 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНиколовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите
Следно соопштениеМицкоски лаже, прв пат по седум години има пад на просечната плата за 1.000 денари