Известување за пријава на екипи за учество во натпреварувачка сезона 2024/25

42

Ве информираме дека согласно Член 5 од Правилникот за издавање на дозвола за учество во натпреварувачка сезона во систем на натпревари при Ракометна Федерација на Македонија, крајниот рок за пријавување на екипите за учество во систем на натпреварување за сезона 2024/2025 е до 01.07.2024 година.

потребно е да се достават следните документи:

  • Пријава (образец) за учество во лига со потпис и печат од овластено лице
  • Решение за вршење дејност спорт издадено од Aгенција за млади и спорт
  • Тековна состојба од централен регистар, не постар од 3 месеци
  • Поднесена завршна сметка за фискална 2023 година (согласно член 9-б од закон
    за Спорт).

Пријавата за учество во натпреварувачка сезона, клубот ја поднесува до Комисија
за лиценцирање, Натпреварувачка комисија и до Координаторот на лигата.

Координатори на лиги:

  • Супер Лига Мажи (Карбеска Силвана – [email protected])
  • Женска Супер Лига (Карбеска Силвана – [email protected])
  • Прва Машка Лига (Металари Камер – [email protected])
  • Младинска Машка и Женска Лига (Јовчева Марија – [email protected])
  • Кадетска Машка Лига (Јовчева Марија – [email protected])
  • Кадетска Женска Лига (Јосифовски Иван – [email protected])
  • Пионерска Машка и Женска Лига (Јосифовски Иван – [email protected])

Напомена:
Да се користат формуларите кои се поставени на сајтот на РФМ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеЕлектроснабдување