Известување за техничка исправност/неисправност на вода за пиење

16
Известување за техничка исправност/неисправност на вода за пиење

Предмет: Известување

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место Л.в.с -Лагово – Петрески Тоде – на основа од извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба,но мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во гранаците од 0,2-0,5 мг/л.вода.

Л.в.с. Загорани – Ѕвездакоски – Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло, како и зголемен број на колонии на 22 и 37 степени целзиусови и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во границите од 0,2 до 0,5мг/л.вода.

Додека водата од Л.в.с – Веселчани – двор- Л.в.с – Волково – двор, Л.в.с – Прилепец – јавна чешма – како и село Волково крајпатна чешма СВ.Спас – Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Манастир с.Прилепец-водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење  без претходно вриење  од 10 минути.

 

 

 

 

 

 

Општина Прилеп

Претходно„Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење“ во Прилеп!

egorgieski

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев, затоа на штета на државата и дијаспората го блокираат Изборниот закон
Следно соопштениеДали со булдожер на „Национални шуми“ е пробиван пат до приватно ловиште и оштетен археолошки локалитет кај Демир Хисар?