Ја разбираме нервозата на СДС во однос на успесите на Муцунски, не разбираме попречувањето на изградба на градинка со изговор дека се нарушува националната безбедност

126
Ја разбираме нервозата на СДС во однос на успесите на Муцунски, не разбираме попречувањето на изградба на градинка со изговор дека се нарушува националната безбедност

Ја разбираме нервозата на СДС во однос на успешното водење на општина Аеродром од страна на Муцунски. Она што не разбираме е зошто како централна власт попречуваат изградба на нова градинка во Аеродром под превезот дека со тоа се нарушува националната безбедност.

СДС се очигледно фрустрирани затоа што Муцунски во Аеродром има сработено повеќе од нивните градоначалници во Струмица, Центар, Крива Паланка, Берово, Делчево, Дојран и другите општини кај што се власт заедно.

За време на досегашното работење како градоначалник Муцински има реконструирано голем број на улици, направени се неколку детски игралишта, нови паркови и голем број други инфраструктурни објекти.

Разликата помеѓу Муцунски и градоначалниците од СДС е повеќе од видлива, и СДС тоа го знае и затоа и нервозата им е толку голема.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ ги разочара граѓаните, Муцунски е послаб градоначалник дури и од Арсовска
Следно соопштениеЕлектроснабдување