ЈАКИМОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ВЕТЕРАНИТЕ НА ВК ВАРДАР

1
ЈАКИМОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ВЕТЕРАНИТЕ НА ВК ВАРДАР

ВК Вардар Ветерани му додели плакета на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски во знак на благодарност за големата поддршка што ја дава на овој спорт, а особено за поддршката за организацијата на годинешниот традиционален Mеѓународен турнир во ватерполо за ветерани (над 35 години) „13 Ноември – Скопје“, што се одржа во базенот на СЦ Борис Трајковски.

На турнирот, покрај домашната екипа учествуваа екипи од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а освен претставници од поранешна Југославија, на турнирот учествува и екипи на ватерполисти-ветерани, кои доаѓаат од Грција, Бугарија, Турција, Словачка, Јапонија и Велика Британија. Првото место и пехарот го освоија ВК Вардар Ветерани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ“ ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ НА 35 ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ
Следно соопштениеМитрески до Кочоска: Дали 1 милион евра чини провизијата за консултантски услуги на унгарскиот кредит?