ЈАКИМОВСКИ ВО ОБИКОЛКА НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ПАРКИНГ НА УЛИЦА ЊЕГОШЕВА

176
ЈАКИМОВСКИ ВО ОБИКОЛКА НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ПАРКИНГ НА УЛИЦА ЊЕГОШЕВА

Откако пред неколку дена беше целосно реконструиран паркинг просторот на кракот од улицата „Његошева“ во Тафталиџе 2, денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски беше во обиколка на оваа локација каде лично ја утврди фактичката состојба по интервенцијата на градежните екипи. Работите на теренот ги изведуваше фирмата „ЛЕНДИ ГРУП“, а финансиската рамка од својот буџет во износ од 1.067.500 денари ја обезбеди Општина Карпош.

 

  • Граѓаните кои живеат на „Његошева“ бараа да се реконструира овој крак кој навистина се наоѓаше во лоша состојба. Во оваа пригода би сакал јавно да го изразам своето задоволство од работата на „ЛЕНДИ ГРУП“. Притоа би напоменал дека, ако и другите фирми работат како нив, тогаш сите ние би посакале да имаме таков изведувач на градежните работи, како ние од Општината која ги обезбедува финансиските средства, така и самите граѓани кои треба ова да го плодоуживаат. Морам да кажам дека имаме само позитивни коментари од граѓаните за тоа како овој коловоз е реконструиран – додаде Јакимовски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВласта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците
Следно соопштениеОсмани дава 1.8 милиони евра државни пари на внукот на Адеми, Елмедин, уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?