На Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“, можеби најголемата надеж на Македонското алпско скијање, Јана Атанасовска, не успеа да ја совлада патеката во велеслалом и по само 22 секунди возење, таа го заврши своето учество на Олимписката велеслаломска трка.
Атанасовска сега ја носи тежината како последен македонски претставник на овие Олимписки Игри. Нејзиниот настап во слалом на 18. февруари повеќе не е само обична трка, туку последна шанса да се поправи впечатокот од учеството на ЗОИ 2026.
