Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14% во земјата Вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1500 денари на 2500 денари

146
Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14% во земјата Вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1500 денари на 2500 денари

Министре Шаќири, Државен испитен центар,

На инфлација од 14% во земјата вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1500 денари на 2500 денари. Не мислите дека сте претерале?

Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било ЧОВЕЧКИ да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2500 денари се 5000 денари, повеќе од една четвртина од минималната плата. Разумно ли е ова?

Министре, наместо да се грижите за учебници, ученички стандард, подобри наставни програми и услови за стекнување компетенции вие дозволувате цели семејства да страдаат и буквално да гладуваат за нивните деца да остварат право на увид?

ДИЦ неспособноста да спроведете матура по правила и можните грешки во прегледувањето сега најсебично и неразумно ги наплаќате од децата. Морално ли е тоа?

СРАМОТА!

Линк од ФБ објава на Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ:

  • https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02SQyBn4nDkAHFgWZr3bAZMV8ZwLjBXiJgJA8eGCnthuFU5BPehvJo15kAdZVupiHgl&id=100066791904874&mibextid=Nif5oz

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСамо преку Феникс ДПМНЕ украле 33 градинки или 15 нови училишта, толку се 57 милиони евра
Следно соопштениеМицкоски на браникот на криминалот, Феникс го потврди криминалното лице на ДПМНЕ