Јаревски до Груби: Стануваш фабрика за производство на лажни вести, Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука

143
Јаревски до Груби: Стануваш фабрика за производство на лажни вести, Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука

Координаторот за сомнителни тендери со отворен сомнеж за криминал во Владата Артан Груби освен фабрика за пари, станува и фабрика за лажни вести.

Па така ќе напише дека со истиот закон Бехтел и Енка гради автопат во Србија…

Но еве што Груби не кажува.

1.Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.

2.Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1.350 милијарди евра.

4.Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.

5. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.

ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат, напротив истиот автопат за Коридорот 8 го има и во нашата програма, но сме против пљачката на векот каква сега имаме пред очи.

И кога Груби ќе збори за анти албанство (омилената теза на ДУИ секогаш кога се фатени апла во криминал) има ли поголемо анти албанство и анти државен елемент од тоа да се богати кастата на власт, на грбот на напатениот народ.

Друг пат Груби кога ќе произведува лажни вести, нека има на ум дека се што лета не се јаде…

https://www.facebook.com/Jarevski.Toni/posts/pfbid0fnsVDnRMCVZk1kSYE1NhfUHwBMmL8juZQ1YR37qEzZh9cecEMMdXJAHehH6pPTBRl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: На коридорите нема ни шајка заковано, а до 6 мај треба да платиме над 230 милиони евра
Следно соопштениеЉутков: Ги слушаме проблемите на граѓаните од оваа ненародна власт, како одговорна партија нудиме решенија кои ќе бидат дел од програмата на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ