Олимпискиот комитет на Северна Македонија, во соработка со Унгарскиот универзитет за спортски науки (HUSS), Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Олимписка солидарност, објавува повик за номинирање на квалификувани тренери за учество на престижниот Меѓународен курс за тренери (International Coaching Course – ICC).
Оваа програма, која успешно едуцира тренери од 1971 година, претставува исклучителна можност за стручно усовршување преку комбинација на теоретска настава и практична работа во врвни спортски објекти. По успешното завршување, учесниците се стекнуваат со меѓународно признат сертификат.
Наставата ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија (HUSS Кампус) во траење од 8 недели, во периодот од 8 април до 28 мај 2026 година.
Курсот за овој семестар е отворен за тренери од следните дисциплини:
• Кошарка
• Фудбал
• Општа физичка подготовка (General Conditioning)
• Ракомет
• Тенис
• Ватерполо
• Борење
Олимпискиот комитет има право да номинира кандидати за целосна стипендија која ги покрива трошоците за учество, едукација и сместување. Приоритет при селекцијата ќе имаат оние кандидати кои покажуваат висок потенцијал за развој на спортот во рамките на својата национална федерација.
Заинтересираните кандидати треба да достават: Професионална биографија (CV) со акцент на тренерското искуство, мотивационо писмо, уверение за познавање на англиски јазик, потврда за завршено високо образование (VII/1 степен, пожелно од областа на спортот) и препорака од матичната Национална спортска федерација.
Документацијата се доставува по електронски пат на е-маил адресата: mok@mok.org.mk со назнака: „Меѓународен курс за тренери Будимпешта 2026“.
Краен рок за пријавување е 28 јануари 2026 година (среда). Апликациите пристигнати по овој рок нема да бидат земени предвид.
Преземете го целосниот повик на следниот линк: https://shorturl.at/ZT1oy
