ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, објавува јавен повик за
правни субјекти за поддршка при подготвка и унапредување на организациски
политики.
Цел на ангажманот:
Развивање и спроведување на план за унапредување на организациските процедури кој
ќе опфати и процена на ризици, обука за вработените и техничка поддршка за
спроведување на процедури
Предмет на набавката:
Предмет на набавката е ангажирање на правен субјект за обезбедување стручни услуги
за процена на ризици, едукација на персоналот и техничка поддршка при
имплементација на процедурите.
Целта на набавката е да се изготви и примени основа за систематска заштита на
инфраструктура на организацијата, преку следниве компоненти:
Процена на ризици
Обука за вработени
Техничка поддршка и имплементација на безбедносни мерки
1. Финансиски услови:
За реализација на оваа активност е обезбеден вкупен буџет во висина од 294.780,00
денари (со вклучен ДДВ).
Понудата треба да вклучува детална распределба по следниве ставки:
– Надомест за консултант/експерт за процена на ризици;
– Надомест за спроведување на обука (обука/модератор);
– Надомест за имплементација на технички мерки и изработка на план (протокол);
2. Кој може да аплицира:
Сите домашни правни субјекти кои имаат догогодишно работно искуство во областа на
спроведување на организациско планирање и подготвка и спроведување на процедури
за безбедност и заштита.
Краен рок за спроведување на активноста:
Оваа активност понудувачот е должен да ја спроведе во периодот од 10.07.2025 до
15.09.2025 година.
3. Потребна документација:
– Образец на понуда – Прилог 1;
– Профил/портфолио на правниот субјект во согласност со услугата која е предмет на
набавката;
– Финансиска понуда со детална распределба по ставки;
– Предлог-пристап кон реализација на активностите и временска рамка;
– Тековна состојба (не постара од 6 месеци);
4. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се
разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик.
5. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
5.1 Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
6. Начин на избор
6.1. При изборот ќе се земат предвид следниве критериуми:
– Работно искуство и експертиза во областа на безбедност и заштита (најмалку 5 години);
– Референтната листа на претходни слични ангажмани (најмалку 3 ангажмани),
вклучително и искуство во граѓанскиот сектор и
– Финансиска понуда.
6.2. Критериумите за избор ќе бидат оценувани на следниот начин:
– Работно искуство – 25 поени;
– Референци – 15 поени, и
– Финансиска понуда – 60 поени
7. Начин на плаќање
Начинот на плаќање ќе биде прецизно дефиниран во договорот што ќе се склучи со
правниот субјект избран за реализација на активноста. Исплатата ќе се врши согласно
динамиката и условите договорени меѓу двете страни, во согласност со доставената
финансиска понуда и реализираните активности.
8. Начин на пријавување:
Документите да се достават најдоцна до 5 јули 2025 на е-пошта: hera@hera.org.mk или
или по пошта на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул.
„Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје , со назнака: Јавен повик – организациски
процедури
Дополнителни информации:
За сите прашања поврзани со јавниот повик, заинтересираните може да се обратат на истата електронска адреса.