ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, објавува јавен повик за правни субјекти за поддршка при подготвка и унапредување на организациски политики.
Цел на ангажманот:
Развивање и спроведување на план за унапредување на организациските процедури кој ќе опфати и процена на ризици, обука за вработените и техничка поддршка за спроведување на процедури
Предмет на набавката:
Предмет на набавката е ангажирање на правен субјект за обезбедување стручни услуги за процена на ризици, едукација на персоналот и техничка поддршка при имплементација на процедурите.
Целта на набавката е да се изготви и примени основа за систематска заштита на инфраструктура на организацијата, преку следниве компоненти:
- Процена на ризици
- Обука за вработени
- Техничка поддршка и имплементација на безбедносни мерки
- Финансиски услови:
За реализација на оваа активност е обезбеден вкупен буџет во висина од 294.780,00 денари (со вклучен ДДВ).
Понудата треба да вклучува детална распределба по следниве ставки:
– Надомест за консултант/експерт за процена на ризици;
– Надомест за спроведување на обука (обука/модератор);
– Надомест за имплементација на технички мерки и изработка на план (протокол);
- Кој може да аплицира:
Сите домашни правни субјекти кои имаат догогодишно работно искуство во областа на спроведување на организациско планирање и подготвка и спроведување на процедури за безбедност и заштита.
Краен рок за спроведување на активноста:
Оваа активност понудувачот е должен да ја спроведе во периодот од 10.07.2025 до 15.09.2025 година.
- Потребна документација:
– Образец на понуда – Прилог 1;
– Профил/портфолио на правниот субјект во согласност со услугата која е предмет на набавката;
– Финансиска понуда со детална распределба по ставки;
– Предлог-пристап кон реализација на активностите и временска рамка;
– Тековна состојба (не постара од 6 месеци);
- Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик.
- Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
5.1 Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
- Начин на избор
6.1. При изборот ќе се земат предвид следниве критериуми:
– Работно искуство и експертиза во областа на безбедност и заштита (најмалку 5 години);
– Референтната листа на претходни слични ангажмани (најмалку 3 ангажмани), вклучително и искуство во граѓанскиот сектор и
– Финансиска понуда.
6.2. Критериумите за избор ќе бидат оценувани на следниот начин:
– Работно искуство – 25 поени;
– Референци – 15 поени, и
– Финансиска понуда – 60 поени
- Начин на плаќање
Начинот на плаќање ќе биде прецизно дефиниран во договорот што ќе се склучи со правниот субјект избран за реализација на активноста. Исплатата ќе се врши согласно динамиката и условите договорени меѓу двете страни, во согласност со доставената финансиска понуда и реализираните активности.
- Начин на пријавување:
Документите да се достават најдоцна до 5 јули 2025 на е-пошта: hera@hera.org.mk или или по пошта на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје , со назнака: Јавен повик – организациски процедури
Дополнителни информации:
За сите прашања поврзани со јавниот повик, заинтересираните може да се обратат на истата електронска адреса.
На страната на HERA:
Водич за аплицирање – одобрен од ЕУ
Образец за аплицирање – одобрен од ЕУ
Образец за буџет_Прилог 3
Формулар за аплицирање – одобрен од ЕУ