Јавен повик за ангажирање на „Ревизорска куќа“
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за прибирање понуди за:
АНГАЖИРАЊЕ НА РЕВИЗОРСКА КУЌА ЗА ИЗРАБОТКА НА ГОДИШНЕН ОРГАНИЗАЦИСКИ РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРИОД ОД ТРИ ГОДИНИ
1. Договорен орган
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
Адреса: ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје
Телефон: 02/3290 395
Е-пошта: konkurs@hera.org.mk
2. Предмет на договорот за ангажман
Ангажирање на ревизорска куќа за спроведување на финансиска ревизија за 2025,2026 и 2027 година. Ревизијата ќе опфати три одделни ревизорски извештаи:
– Првиот за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година,
– Вториот за период 01.01.2026 до 31.12.2026 година,
– Третиот за период 01.01.2027 до 31.12.2027 година.
Ревизорските извештаи од претходните години се објавени на веб страницата на ХЕРА, каде што може да се видат вкупните приходи и расходи за минатите години.
3. Рок за извршување на услугата
Ревизијата треба да биде спроведена и доставена во согласност со договорените рокови:
– Првиот извештај за периодот 01.01.2025 до 31.12.2025 година, најдоцна до 30 април 2026 година,
– Вториот извештај за период 01.01.2026 до 31.12.2026 година, најдоцна до 30 април 2027 година,
– Третиот извештај за период 01.01.2027 до 31.12.2027 година, најдоцна до 30 април 2028 година.
4. Начин на плаќање
Начинот на плаќање ќе биде прецизно дефиниран во договорот што ќе се склучи со правниот субјект / ревизорската куќа која ке биде избрана за спроведување на ревизијата. Исплатата ќе се врши согласно динамиката и условите договорени меѓу двете страни, во согласност со доставената финансиска понуда и реализираните активности.
5. Право на учество
Право да достават понуда имаат сите правни лица, ревизорски куќи регистрирани за вршење ревизорски услуги согласно важечката регулатива во Република Северна Македонија и кои се наоѓаат на Топ 20 листата на ревизорски куќи одобрени од Меѓународната Федерација за Планирано Родителство.
6. Критериуми за избор и оценување на понудите
Понудите ќе се оценуваат според следниве критериуми:
– Ревизорската куќа мора да биде дел од Топ 20 листата на ревизорски куќи одобрени од Меѓународната федерација за планирано родителство. Понудите доставени од правни субјекти кои не се наоѓаат на наведената листа нема да бидат земени предвид и ќе бидат изоставени од процесот на евалуација.
– Критериумот за избор ќе биде според висината на поднесената финансиска понуда (најниска цена).
7. Начин и форма на понудата
Понудата треба да содржи:
– Образец на понуда (Прилог 1);
– Кратко портфолио на ревизорската куќа со релевантни искуства (Прилог 2);
– Изјава за исполнување на критериумите за лична состојба (Прилог 3);
– Тековна состојба не постара од 6 месеци.
Сите понуди треба да бидат подготвени на македонски јазик и изразени во денари.
8. Рок и начин за доставување на понудите
Краен рок за доставување на понудите е 15.01.2026 година до 16:00 часот.
Понудите се доставуваат:
– по електронски пат на konkurs@hera.org.mk со наслов: „Понуда за ревизорски услуги за организациски ревизорски извештај’“, или
– по пошта на адресата на ХЕРА: ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Понудите поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
9. Известување за избор
Сите понудувачи ќе бидат известени по електронски пат за резултатите од повикот во рок од 3 дена по донесувањето на одлуката за избор на најповолен понудувач.
10. Дополнителни информации
За сите прашања поврзани со јавниот повик, заинтересираните можат да се обратат на konkurs@hera.org.mk
