Јавен повик за набавка на брз орален тест за самотестирање на ХИВ

92
Јавен повик за набавка на брз орален тест за самотестирање на ХИВ

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за брз орален тест за самотестирање на ХИВ.

Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди по електронски пат на [email protected]  или по пошта нa: ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.

Во делот на техничките спецификации се обезбедени информации и детали за осмислување на понудите.


Насоки за понудувачите

  1. Договорен орган

Договорен орган е ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.

Лице за контакт кај договорниот орган е Весна Илиевска, телефон 02/3292-395, факс 2556-002, електронска адреса [email protected] .

  1. Предмет на договорите за набавка

Предмет на договорот за набавка е брз орален тест за самотестирање на ХИВ.

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во точка 9.

  1. Рок на испорака/ за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот најдоцна 30 дена по потпишување на договорот.

  1. Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши најдоцна во рок од 20 дена по предавањето на готовиот продукт.

  1. Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице кое на пазарот или во постапката на набавката го нуди предметот на набавка.

  1. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за професионалната дејност и способност со изјава која ја доставува во (Прилог 1) на својата понуда и со поднесување на лична биографија или портфолио на економскиот оператор (Прилог 2). 

  1. Изготвување и поднесување на понудите

      7.1. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во повикот во електронска форма или печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.

7.2. Елементи на понудата/ите

Секоја понуда треба да е составена од следниве елементи:

  • Образец на понуда (Прилог 1),
  • Биографија/портфолио на економскиот оператор/физичкото лице со истакнати работни ангажмани согласно производот или услугата која е предмет на набавката (Прилог 2)
  • Брошура или каталог за предметот на набавката

7.3. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик.

7.4. Цена на понудата

Вкупната цена на понудата изразена со ДДВ за набавка на брзи орални тестови за самотестирање на ХИВ не треба да биде поголема од 328.000,00 денари.

  1. Краен рок и место за поднесување на понудите
  • Краен рок за поднесување на понудите е 18.08.2023  до 16.00 часот.

Понудите се поднесуваат електронски на [email protected] со наслов „Понуда за брз орален тест за самотестирање за ХИВ “ или

по пошта на ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.

Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена.

  1. Известување за доделување на договорот/ите за набавка

Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот, односно за одлуката кој е најповолен понудувач.

  1. Технички спецификации

А) Брз тест за детекција на анти – ХИВ антитела од следните примероци:

– орална течност;

– за ин витро дијагностика (IVD);

– со минимум сензитивност од 100,0%, специфичност од 99,8%; стабилен на температура од 2 до 27˚C.

Б) Тестот да се наоѓа на последната ревизија на листата на препорачани тестови за invitro дијагностика на Светската здравствена организација https://extranet.who.int/pqweb/sites/default/files/documents/230607_prequalified_IVD_product_list.pdf

В) Рокот на употреба да е минимум 10 месеци од денот на испорака.

Прилог 1 е достапен во точка 7.2.

Прилог 2: Биографија на понудувачот

[меморандум на понудувачот]

  1. Назив на економскиот оператор / физичкото лице: ________________________
  2. Адреса на седиштето: ______________________________
  3. Телефон: ___________________________
  4. Контакт: __________________________________________
  5. Факс: _______________________________________

6.e-mail: ____________________________________

  1. Место на основањето/регистрацијата: ______________________________
  2. Година на основањето/регистрацијата: _____________________________
  3. Основни дејности на економскиот оператор: ____________________________________________________________________________

____________________________________________________________________________

  1. Истакнати работни ангажмани согласно производот или услугата која е предмет на набавката

____________________________________________________________________________

____________________________________________________________________________

____________________________________________________________________________

____________________________________________________________________________

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски гласаше за промена на името на улицата во Чаир, ако во СДС не знаат или не им кажал нека го прашаат преку соопштение
Следно соопштениеЕлектроснабдување