Јубилејна 60 Меѓународна струмичка ликовна колонија – Општина Струмица

219
Јубилејна 60 Меѓународна струмичка ликовна колонија – Општина Струмица

Општина Струмица продолжуа на негување на традицијата на трајни вредности. По десет дена исполнети со творечки дух и убаво дружење на дваесеттина лиовни творци од Романија, Турција, Грција, Србија, Бугарија и Македонија, завршува јубилејната 60 Меѓународна струмичка ликовна колонија, во чии рамки се одржа и јубилејната 30 школа за современ мозаик. Уште едно успешно издание на најстарата ликовна колонија во Македонија и на Балканот. Уште еднаш Општина Струмица, преку секторот за ликовно-галериска дејност при НУЦК „Антон Панов“ се покажа како извонреден домаќин. Пребогатиот ликовен фонд на колонијата се збогати со нови четириесеттина дела во различни ликовни дисциплини, кои традиционално ќе бидат изложени на 11 Септември – Денот на ослободувањето на Струмица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтење без вода за пиење среде лето – надлежните молчат!
Следно соопштениеЗа ДУИ и СДС безвредни се животите на Албанците