Кампања по повод „Недела на борба против гладта“

134
Кампања по повод  „Недела на борба против гладта“

Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод „Неделата на борба против гладта“ која се одбележува од 16 до 22 октомври, организира кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании, со  образовно – воспитни институции, здруженија на граѓани, и  граѓаните.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.  

 

The post Кампања по повод „Недела на борба против гладта“ appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Оптимизмот на Ковачевски за уставни измени за мене е политикантство, бидејќи на тој начин мисли ќе ги држи мобилизирани колку толку оние малкумина кои преостанаа во штабовите на СДСМ
Следно соопштениеКовачевски: Победата на СДСМ на следните избори, ќе биде двоен пораз на антиевропските политичари