Карневалски дух и традиција на Василичарскиот коктел во Струмица

84
Карневалски дух и традиција на Василичарскиот коктел во Струмица

Подготовките за најголемата забава под маски на отворено – Струмичкиот карневал, се во полн ек како за Организациониот одбор така и за карневалските групи и поединци коишто ги подготвуваат своите маски со многу труд и љубов.

И додека траат подготовките, не изостануваат и карневалските дружби како загревање за карневалските денови од 18 до 25 февруари, кои годинава ќе имаат и нови настани.

Еден од нив е и Василичарскиот коктел којшто се одржа синоќа во ресторанот „Шалом“, а кој ги собра вистинските вљубеници во карневалот – продолжувачи на вековната традиција, кои на на настанот му дадоа позитивна енергија и весел дух. Меѓу нив, како голем поддржувач и почитувач на Струмичкиот карневал, беше и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, со сопругата и соработниците.

Во духот на традицијата и заедништвото, беше поделено лепче со паричка, а таа се падна во карневалската група „Мулен Руж“.

Од Организациониот одбор најавуваат дека Василичарскиот коктел за карневалските групи, ќе стане традиционален.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче е жално што не знае по која црковна традиција се води црквата, проблемот е што тој е изгубен во времето и просторот и не се води по ниту еден календар
Следно соопштениеУште еден доказ „мигранти за пари“